Џихадистите на Исламската држава убиле над 300 членови на сунитски племиња изминативе денови, соопшти владата на Ирак.
Според Министерството за човекови права на Ирак, помеѓу ликвидираните 322 има и жени и деца. Убиените припаѓале на Албу Нимр племето, познато по наклонетоста за борба.
Пентагон објави дека засега ги немаат потврдено брoјките, но немаат причина да се сомневаат во нив.
Последниот инцидент беше во саботата, кога 75 членови на племето Албу Нимр беа киднапирани и ладнокрвно убиени.
– Не сме изненадени од нивното дејствување, објаснува за CNN старешниата на племето. „Нивните лидери им даваат наредби да ги убијат сите од нашето племе бидејќи се бориме против ИСИЛ“.
Во саботните егзекуции, девет деца и шест жени беа убиени. Пентагон ги осуди акциите на џихадистите од Исламската држава.
– Ова потврдува уште еднаш дека ИД не претставува ништо друго туку насочена идеологија, и мора да работиме со сите коалициони партнери како би ги поразиле овие терористи, вели претставник на Пентагон.




