Published: Thursday, April 16, 2015 19:12
Повеќе од 40 луѓе се удавиле во водите помеѓу Либија и Италија откако потонал брод кој превезувал мигранти.
Италијанската морнарица успеала да спаси четворица. Од нив, еден е од Гана, двајца се Нигеријци и еден од Нигер.
Полицијата соопшти дека уапсила 15 муслимани кои наводно фрлале христијани од бродот со кој пловеле.
А изминативе неколку недели речиси 10.000 мигранти беа извадени од водите на Медитеранот.
Италија побара помош од Европската унија како би се справила со кризата со мигранти.
Изминатава недела, околу 400 луѓе се удавија по распаднувањето на бродот со кој пловеле.




