Published: Friday, May 1, 2015 09:57
Според информациите кои ги објави „Франс Прес“, бројката на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Непал надмина 6000, а повредените се речиси 13 и пол илјади луѓе.
Спасувачките акции на многу места се попречени во акциите поради поројните дождови а поради тешката пристапност проблем е и доставата на хуманитарна помош.
Патишта до селата се покриени со свлечишта и пукнатини.
Катманду градот барем вчера малку можеше да се порадува, откако од урнатините беше извлечено преживеано четиримесечно бебе.
Земјотресот со интензитет од 7,9 го потресе Непал на 25.април. Епицентарот се наоѓа на 82 километри северозападно од главниот град на земјата Катманду, а земјотресната појава е на 15 километри длабочина.




