Феномен без преседан, вака се коментира последното невреме што ги зафати јужните делови на Грција во кое се претпоставува дека паднале над 75 милиони тони вода во областа на Атика и островите Евиа и Илија.

Ова се проценки на професорот Ефтимиос Лекас- стручњак по геологија и управување со природни катастрофи на атинскиот универзитет.

Професорот Лекас за телевизискиот канал Скај истакнал дека количеството на дожд кој паднал за време на невремето во кое загинаа две лица, е феномен без преседан што се граничи со екстремен, пренесува Катимерини.

„ Атика е претежно урбанизирано подрачје. Со оглед на тоа , водата тече површински и многу брзо се собира во реките Илисос и Кифисос. Да траело невремето подолго би дошло до излевање на реките и поплавување на округот  Калитеа , смета професор Лекас.

А што се однесуав до подрачјето на островите Евиа и Илија , таму конфикурацијата прави проблеми поради неодамнешните пожари и изгорени дрва и појавата на свлечишта.