Над 80 отсто од Каталонците кои гласаа викендов на тест-референдум, се изјасниле за незавнисност, покажуваат првичните резултати.
Во гласањето учествувале 2.25 милиони гласачи, од кои 80.1 отсто се за целосна независност, додека 10.1 за самостојна Каталонија поврзана со Шпанија, а само 4.6 отсто биле против каков било облик на независност, пренесува Раша тудеј.
– Резултатите од референдумот се објавени по преброени 88.4 отсто од гласачките ливчиња. Тоа значи дека 1.649.239 луѓе гласале со „да“ и на двете прашања: Дали сакате Каталонија да биде држава? и „Ако да, дали сакате да биде независна од Шпанија?, изјави заменик-претседателот на каталонската влада Јоана Ортега.
Се претпоставува дека каталонскиот лидер Артуро Мас би можел да се најде на удар на судските власти поради „граѓанска непослушност“, бидејќи каталонскиот јавен обвинител на барање на Мадрид започнал истрага околу тоа дали користењето на училиштата и јавните површини за организирање на референдумот кршење на одлуката на Уставниот суд.




