Вкупната потрошувачка по видови енергенти во јули изнесувала 525.730 МWh електрична енергија, 12.592 мил. нм3 природен гас, 466.130 тони јаглен и 97.117 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Бруто-домашното производство на електрична енергија, според ДЗС, учествува со 82.4 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.3 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.