Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 800 илјади евра отштета од осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци

0
By Нова ТВ on March 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2019 13:08

Осигурителната компанија „Еуросиг“ ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека во овој случај најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидената сума.

– Во Законот за здолжително осигурување има пропишано максимален износ на штета предизвикана од автобус. Максималниот износ по еден осигурителен случај може да изнесува 675 илјади евра, рече Попоски, појаснувајќи дека ова е по основ на полисата за автоодговорност и дека таа сума ја делат сите во сообраќајката.

Тој додаде дека дополнително по основ на полиса за патници во јавен превоз може да бидат исплатени 200 илјади евра, така што е предвидено 4.500 евра по смртен случај, 9.000 евра за траен инвалидитет и 2.000 евра за повреди и лекување

– Дополнително доколку оштетените имаат основ и побаруваат повеќе од овој максимален износ на штета тогаш тие директно можат таа штета да ја побаруваат од причинителот на штетата, појасни Попоски.

Ова, како што соопшти, ќе биде една од поголемите исплатени штети во последните години, покрај онаа за хеликоптерската несреќа, а минатата година највисоката штета е исплатена во износ од 35,196 милиони денари на правно лице од страна на компанијата Осигурување Македонија.

Во меѓувреме, истрагата за причините за трагедијата во која загинаа 15 луѓе, а над 30 беа повредени, се уште е во тек. Последната официјална информација во врска со несреќата беша изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој рече дека возачот на автобусот добива закани по неговиот живот, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за негова заштита како дел од постапката, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој очекува Јавното обвинителство за многу кратко време да каже конкретна причина за несреќата за што се прибрани многу материјали, а се при крај вештачењата.

Професорот Стоимко Златковски од Техничкиот факултет во Битола, за 1ТВ изјави дека документацијата неопходна за да се изврши вештачење на автобуската несреќа во селото Ласкарци се уште се подготвува. Тој, врз основа на досегашните податоци, ги даде своите претпоставки за тоа што се случило.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.