Стотици компании ги повлекуваат рекламите од ултра – конзервативниот вебстајт „Бреитбарт“ (Breitbart). Според податоците на грасрут компанијата за кампањи Sleeping Giants, вкупно 818 компании ги повлекле нивните кампањи и реклами од медиа плановите од оваа веб страница по изборот на Трамп и поддршката која овој десничарки медиум му ја дава.
Најголемиот удар дошол по говорот на Трамп дека ќе го повлече финасирањето на Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија откако тие одлучија да го откажат говорот на уредникот на „Бреибарт“ Мило Иаонополус. На бојкотот му се придружуваат и големите компании како T-Mобајл, Нордсторм, Келогс, Виса, Луфтханза и многу други.
Ема Пулен, стратегичар и медиа експерт, вели дека овие компании го ставиле медиумот на црната листа бидејќи истиот е обвинуван за мисогоностички и расистички текстови со кои што тие не би сакале да идентификувани.
Стивен Банон, кој сега работи како главен стратегичар и советник на Трамп, минатата година во говор го пофали медиумот како „платофрма за ултра-десничарските идеи и надмоќта на белиот човек“.
SumOfUs е движењето кое ја лансирало кампањатаа против овој медиум со цел да ги поттикне компаниите на општествена одговорност и дека рекламирањето кај компании кои промовираат омраза не смее да продолжи, бидејќи истото значи поддршка. Нивната работа вродила со плод бидејќи по само три месеци од стартот овој медиум веќе се соочува со проблеми.
Следен таргет на SumofUs се Google, Amazon и слично, врз кои ќе вршат притисок.




