Повеќе од милион Австралијци од вкупните 26 милиони жители ја преземале апликација за брзо пронаоѓање на контакт со коронавирус, и тоа само неколку часа откако ја објави Владата.
Апликацијата за паметни телефони COVIDSafe користи безжичен сигнал Bluetooth за размена на „дигитално ракување” со друг корисник кога ќе се најде на 1,5 метри. Апликацијата потоа го запишува овој контакт и го криптира. Корисниците ќе бидат известени доколку имаат повеќе од 15 минути близок контакт со друг корисник кој е тестиран позитивно.
Австралија регистрирала 6.694 потврдени случаи на коронавирус и 80 смртни случаи, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Порастот на инфекциите значително забави во последните неколку недели, со само 16 нови случаи регистрирани во неделата.
Премиерот, Скот Морисон, рече дека социјалните ограничувања можат да бидат олеснети доколку доволно луѓе ја користат апликацијата. Владата соопшти дека за максимална ефикасност, околу 40% од населението ќе треба да ја преземат апликацијата.
Во услови на загриженост за приватноста за тоа кој ќе има пристап до зачуваните податоци на апликацијата, Владата рече дека само државните здравствени власти ќе бидат за тоа квалификувани. Податоците ќе бидат зачувани во Австралија, а министерот за здравство рече дека „дури ниту судска наредба“ нема да им овозможи на другите органи, како што е полицијата, да пристапат до неа. Заштита се уште не е ставена во законодавството бидејќи парлементот не заседава регуларно.
Апликацијата бара од корисниците да го наведат нивниот возрасен опсег, мобилен број, поштенски код и име – што може да биде псевдоним. Владата соопшти дека сите податоци ќе бидат избришани по 21 ден или кога некој ќе ја избрише апликацијата од својот телефон.
Владата се надева дека апликацијата ќе им овозможи на здравствените работници брзо откривање на ново ширење на пандемијата, со што ќе помогне во безбедно отворање на економијата.




