Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надал: Две неверојатни недели и еве ме повторно со трофеј во Њујорк

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Кралот на земја“ е херој и на тврда подлога. Рафаел Надал (31) и овојпат го претвори њујоршкиот тениски комплекс во корида, го зададе решавачкиот удар и по третпат го понесе трофејот на Ју-Ес опен. До 16. гренслем во кариерата стигна по триумфот против Кевин Андерсон со 6:3, 6:3, 6:4 во финалето на 137. издание на турнирот и се доближи на три титули од Роџер Федерер.

„Неверојатни две недели. Во нив постојано го подигнував нивото на игра и на самодоверба и на крајот еве ме повторно со трофејот во Њујорк. Не постои подобар начин за мене за завршување на сезоната на гренслем турнири што и онака беше со премногу емоции од многу аспекти“, рече Надал по рутински одработеното финале против Јужноафриканецот.

Шпанското момче од Мајорка стана само шести играч во историјата со три победи на Флешинг Медоу по Роџер Федерер, Пит Сампрас, Џими Конорс, Џон Мекинро и Иван Лендл. Ако по прославата на неговиот 30. роденден постоеја сомнежи за правецот на неговата кариера и заговорите за можно скорешно пензионирање, ноќеска во Њујорк самиот даде демант на таквите конструкции и не дозволи изненадување какви ги имаше премногу во изминатите 14 дена.

„Пресреќен сум од начинот на кој играв, пресреќен сум од начинот на кој го менаџирав притисокот, пресреќен сум од начинот на севкупно натпреварување на турнирот. Дали играв подобро или полошо на моменти, сепак, натпреварувачкиот дух беше постојано присутен на многу позитивен начин“, истакна Шпанецот кој е убедливо прв на новата АТП листа.

Надал во ниту еден момент не се соочи со ситуација да загуби гем на сопствен сервис. Андерсон, пак, во ниту еден гем во кој бранеше почетен удар не освои повеќе од два поена. Точниот и презицен настап на Шпанецот го отсликува и дел од статистиката што укажува на само 11 неизнудени грешки наспроти 30 директни поени во два часа и 24 минути колку што траеше мечот за титулата. И особено доминантниот сервис по кој препушти само 15 поени за ново враќање во победничкиот круг по 20 години од првиот гренслем трофеј во Париз.

Фото: usopen.org

Меѓу 2005 година и 2014 година, Надал освојуваше барем по еден гренслем турнир во сезона. Низата беше прекината во 2015 година за да продолжи лани и оваа година. Долг период важеше за неприкосновен тениски владетел на земјена подлога што сè уште и важи. Биланс од 79 победи и само два пораза на Ролан Гарос ќе бидат тешко достижен за било кој играч меѓутоа кругот на фантастично делување, во меѓувреме, го прошири на сите подлоги. Во Њујорк ја освои четвртата гренслем титула на тврда подлога, а има две и на Вимблдон (трева) од 2008 година и од 2010 година како потврда на еден од најдобрите на сите времиња.

Ју-Ес опен – финале (м)

Надал (1., Шпанија) – Андерсон (28., Ј. Африка) 6:3, 6:3, 6:4

Ју-Ес опен Рафаел надал тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.