Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се избори за пласман во финалето на Австралија Опен.

Надал во полуфиналето го победи италијанскиот тенисер Матео Беретини со 3:1 во сетови 6:3, 6:2, 3:6 и 6:3.

Во финалето Надал ќе го чека подобриот меч од в торото полуфинале во кое ќе се сретнаат Данил Медведев и Стефанос Циципас.