Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надворешниот долг на Македонија вкупно 5,6 милијарди евра

0
By Нова ТВ on December 12, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 12, 2013 11:55

Скоро 5 милијарди и 600 милиони евра достигна Бруто Надворешната задолженост на Македонија. Според најновите податоци на Народна Банка, заклучно со првата половина од 2013 година, раст на долговите кон странство е регистриран кај државата, монетарната власт и банкарскиот сектор. Само за шест месеци, или во јуни во однос на салдото од крајот на декември, Бруто Надворешниот долг се зголемил за скоро половина милијарда евра. Дологот на Централната Влада пак заклучно со октомври достигна ниво од 2,7 милијарди евра. Со овие параметри, Македонија останува во зоната на умерена задолженост, но Светска Банка веќе упати препорака да забави темпото на задолжување, а ММФ упати на тоа дека од почетокот на кризата до сега, долгот е зголемен за 15%, се вели во анализата на Фактор.

Државата кон странство, заклучно со јуни должи 1 милијарда и 700 милиони евра, следува банкарскиот сектор со долг од 666 милиони евра па монетарната власт со долг од 427 милиони евра.

За колку пораснале долговите кон странство за половина година:
– Држава 90 милиони евра
– Монетарна Власт 193 милиони евра
– Банкарски сектор 47 милиони евра
– Останати сектори 21 милион евра

Во пакет со пораст на Бруто Надворешниот долг, октомвриски раст има и на Јавниот Долг на Централната Влада кој достигна 2,7 милијарди евра. По Светска Банка, и гувернерот Димитар Богов очекува дека ќе забави темпото на натамошни задолжувања.

„Темпото на задолжување ако го гледате во Македонија, а еве и според податоците од Светска Банка што беа презентирани, секаде задолжувањето беше исто, дури и во некои земји тоа темпо беше побрзо. Тоа сведочи дека бевме во еден период кога тоа беше непоходно, односно дека сите мораа да водат антициклични фисклани политики со што се поттикнуваше економијата. Но веќе тој период одминува, со закрепнувањето на приватниот сектор веќе мора да дојде и до намалување на фискалниот стимул“, вели гувернерот Богов.

На почетокот од неделата, Светска банка даде позитивна оценка за економската состојба во Македонија, но предупреди на темпото на создавање на јавниот долг и упати на негова контрола. Според Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, во однос на јавниот долг , тој не е загрижувачки, но треба да се контролира.

„Македонија нема јавен долг што излегува од контрола во споредба со другите земји во регионот. Меѓутоа Владата треба и понатаму сериозно да го сфаќа ова прашање како што беше и досега“, изјави Проскурјакова.

На истекот од оваа економска година, гуверенрот на НБРМ потенцира дека во следната 2014 та ризиците и натаму ќе демнат, но економскиот раст треба да се потпира на домашните инвестиции.

„Треба да направиме се за македонската економија да ја задржи стабилноста, да ги задржи добрите перформаски во иднина а се со цел да остане како цврст столб на сите останати политики во земјава. Со тоа се гарантира и пошироко стабилноста на земјата“, изјави Богов.

До година, според планот на Владата, недостатокот на пари ќе се финансира главно од домашните кредитори. Владата не ја исклучува и можноста за издавање на Еврообврзница, но тоа вели дека ќе зависи од условите на меѓународниот финансиски пазар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.