Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман смета дека напаѓачот Роберт Левандовски треба да ја добие Златната топка на крајот на годината.

– Левандовски ја заслужува Златната топка. Мислам дека треба да го добие признанието, бидејќи во последните три години беше поконзистентен од кој било друг фудбалер. Роберт е многу динамичен, има малку повреди, тренира интензивно, истакна Нагелсман за „Абенцајтунг“.

Полскиот фудбалер минатата сезона настапи на 40 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 48 голови и девет асистенции.

Во тековната сезона, Левандовски настапи на седум натпревари од германското првенство, постигна седум голови и оствари една асистенција.