Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Награда за најдобар есеј за говорот на Мартин Лутер Кинг

0
By on March 19, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 19, 2013 11:32

Под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје денеска во кино „Милениум“ ќе бидат доделени наградите за најдобар есеј по повод јубилејот – 50 години од славниот говор „Имам сон“ на Мартин Лутер Кинг.

Наградите се состојат од посебен сертификат и книги, а првонаградените ќе добијат и електронски читач за книги „Киндл“. Специјална пофалница ќе добие и училиштето од кое пристигнале најмногу есеи, како и професорот што бил ментор на најмногу учесници. Сите ученици што испратиле есеј, како и нивните ментори, ќе добијат сертификат за учество.

Наградите ќе бидат ексклузивно соопштени на самиот настан, а победниците јавно ќе ги прочитаат своите есеи. На настанот ќе биде прикажан и краток документарен филм за Мартин Лутер Кинг.

На конкурсот пристигнале 375 есеи од средношколци од речиси сите градови од Македонија.

Според анкетите, „Имам сон…“ на Мартин Лутер Кинг се смета за најважниот американски говор на 20. век. Го одржал пред повеќе од 200 илијади учесници на маршот за граѓански права во Вашингтон, на 28 август 1963 година. Оттогаш повикот на Мартин Лутер Кинг за расна еднаквост и за ставање крај на дискриминацијата ги инспирира луѓето во Америка и во други земји да ги унапредуваат слободата и човековите права.

Во 1963, цел век по укинувањето на ропството, афроамериканците сеуште биле третирани рацистички. Црните деца морале да одат во посебни учулишта, а семејства често биле бркани од сопствените домови. Тогаш бил потребен храбар индивидуалец кој ќе застане на страна на црните луѓе и ќе ги брани. Тој индивидуалец бил Мартин Лутер Кинг, кој со своите говори се борел за правата на црните луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.