Македонските карикатуристи Блаже Докуле, Мирослав Ѓоргиевски и Златко Крстевски освоија вредни признанија и награди на 21-от Интернационален фестивал на карикатура „Дикако 2012“ што се одржа во Јужна Кореја.

Битолчанецот Блаже Докуле, кој на фестивалот во Јужна Кореја учествувал со две карикатури на тема „Новиот еко-град“, третпат во континуитет освојува награда и е единствен карикатурист од овие простори кој успеал да обезбеди трикратно фестивалско одличје.

– Конкуренцијата во Јужна Кореја беше голема бидејќи учествуваа карикатуристи од 54 држави во светот. Творбите што ги испративме беа карикатури на зададена тема, и радосен сум што освоив награда. Бидејќи три пати едно по друго освојувам награда на „Дикако“, организаторите ме поканија и оваа година да учествувам на нивниот фестивал, истакна карикатуристот Блаже Докуле