Припадниците на српската гранична полиција на преминот Хоргош, на српско-унгарската граница, открија 17 килограми и 860 грама билнаматерија за која има сомневања дека е марихуана во возило Фиат со македонски таблички, соопшти МУП Србија, а пренесе Танјуг.
Со возилото управувал В.Г. (42) македонски државјанин, а сомнителната материја била скриена во преправен простор на подот од возилото, таканаречено „двојно дно“.
По завршениот увид В.Г. е задржан 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде предаден на надлежните правосудни органи.