Аутомобили Гроуп, официјалниот импортер и дистрибутер за Jaguar и Land Rover во Македонија го поддржа “Самитот на Македонија 2025” кој се одржува во хотел Мериот од 7 до 10 ноември, а за време на истиот во надворешниот дел од хотелот го изложи најдинамичниот модел Range Rover Sport.

Тридневниот самит е најавен како водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство. За време на самитот ќе бидат спроведени дебати, за развој на Македонија во регионален центар за паметни технологии и значењето на странските инвестиции. Покрај тоа на настанот ќе бидат разработени и најдобрите практики на економски успешните мали земји. Најавени се повеќе од 400 учесници на самитот Македонија 2025 меѓу кои дипломати, бизнисмени, директори, академици и деловни експерти од дијаспората, претставници на меѓународните организации, како и банки.

Токму затоа најдинамичниот Range Rover Sport ќе ги пречека учесниците на самитот, бидејќи  е дизајниран за да импресионира. Возилото ќе биде изложено пред хотел Мериот Скопје за време на целиот самит, a доколку сакате уште подобро да го запознаете или пробате овoj модел, направете го тоа веднаш кај овластениот увозник – Аутомобили Гроуп на ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје.