Published: Friday, March 27, 2020 18:47
Италија стана втората држава по САД, која ја надмина Кина според бројот на заразени од коронавирусот. Денеска бројот на заразени порасна на 86,498; а бројот на жртви во последните 24 часа е 969. Најтешка е ситуацијата во Ломбардија каде починале 541 лице.
„Тоа е најголемиот број жртви во еден ден“, соопшти службата за Цивилна заштита во Рим. Според податоците вкупно 10.950 лица се хоспитализирани, а 3732 се наоѓаат на интензивна нега.
Тамошните здравствени власти велат дека сепак се забележува одредено намалување на бројките на нови позитивни случаи, две недели по почетокот на карантинот во целата земја. Но од друга стрна шефот на Националниот здравствен институт Силвио Брусаферо изјави дека се уште не е достигнат пикот на заразата.




