Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалку 10 убиени при напад во училиште во Тексас

0
By Нова ТВ on May 18, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 18, 2018 21:50

Најмалку десет лица загинаа денеска, а десет други се ранети денеска, при напад во средно училиште во градот Санта Фе во Тексас, соопшти вечерва гувернерот на оваа американска сојузна држава Грег Абот.

Според Абот, станува збор за „еден од најгрозоморни напади во училиште што некогаш се случиле во историјата на Тексас“.

Локалниот полициски шериф Ед Гонзалес претходно соопшти дека „најголемиот број од убиените“ се ученици.

Меѓу ранети при нападот, кои се пренесени в болница, е и еден полицаец.

Заменик-директорот на училиштето Крис Ричарсон изјави дека полицијата го уапсила „осомничениот за пукотниците“.

Гонзалес од своја страна соопшти дека уапсениот напаѓач бил ученик во средното училиште, како и дека покрај него полицијата привела уште едно лице.

Извор во полицијата, кој побарал анонимност, изјави дека напаѓачот е идентификуван како Димитриос Пагурцис, на возраст од 17 години. Тој бил вооружен со полуавтоматска пушка АР-15.

Пагурцис играл за училишниот фудбаклски тим, а бил челн и на фолклорната група при локалната грчка православна црква.

Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјави на очевидци, претходно јави дека нападот го извршил тинејџер облечен во црно, вооружен со сачмарка со скратена цевка.

Неколумина ученици за локалните медиуми изјавија дека пукотниците започнале откако во училиштето се вклучил алармот за пожар, но засега не е познато кој го активирал.

– Некој влезе со сачмарка и почна да пука, изјави една ученичка која во време на нападот била на час по уметност. Таа додаде дека видела една убиена девојка, која била погодена во ногата.

Инцидентот се случил набрзо по почетокот на наставата во училиштето.

Гонзалес информира и дека околу училиштето биле пронајдени сомнителни направи, за кои се претпоставува дека се експлозиавни. Во тек е операција на специјалните полициски тимови за нивно отстранување.

Нема информации колку направи се пронајдени, а полицијата апелираше до граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни предмети.

Мотивите за нападот засега не се познати.

Коментирајќи го нападот, американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека тој е „апсолутно ужасен“.

– Мојата Администрација е решена да стори се што е во нејзина моќ за да ги заштитиме нашите ученици, да ги обезбедиме нашите училишта и да го држиме оружјето подалеку од рацете на оние кои претставуваат закана за себе и за другите, нагласи Трамп.

Ова е втор најсмртоносен напад во училиште во САД годинава, по оној во февруари во сојузната држава Флорида, кога загинаа 17 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.