Published: Monday, April 13, 2015 16:16
Најмалку 18 војници биле убиени во нападите низ североисточниот дел на Авганистан во изминатите денови, соопштија властите.
Министерството за одбрана соопшти дека најмалку 33 војници биле убиени, мачени и повредени за време на борбите во покраината Бадакшан. Некои од нив се водат и за исчезнати, а некои од војниците биле обезглавени.
Најголем дел од борбите се случија на 10 април кога Талибанците извршија напади врз неколку позиции на безбедносните сили во реонот Јурм.




