Најмалку 233 луѓе загинаа, а илјадници се повредени во Еквадор кога земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди крајбрежјето на оваа јужноамериканска држава на Тихиот океан. Спасителите ги бараат преживеаните под урнатините, а ангажирана е и полицијата и националната гарда.
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа прогласи вонредна состојба.
Во текот на денот прекинато е предупредувањето за ново цунами, но вакво предупредување веќе има во Перу.
Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 20 километри во малку населена крајбрежна област, популарна меѓу туристите, објави Американскиот геолошки завод.
Земјотресот се почувствувал и во Јужна Колумбија.