Во судир меѓу демонстрантите и полицијата на аеродромот во Барселона синоќа се повредени 37 лица, соопштија шпанските здравствени власти.
Британските медиуми пренесуваат дека полицијата на влезот на аеродромот се судрила со демонстрантите кои протестираа поради пресудата на шпанскиот Врховен суд против организаторите на референдумот за незваисност на Каталонија.
На снимки се гледа како полицајците со пендреци ги тепаат демонстрантите, од кои некои носат маски и качулки. На тоа демонстрантите возвратија со туркање, а во меѓувреме се слушнаа и детонации.
Регионалната полиција соопшти дека се упасени двајца демонстранти.
На аеродромот Ел Плат во Барселона вчера беа откажани 67 закажани летови.
Протестите избија заради одлуката на Врховниот суд во Мадрид на девет каталонски лидери да им изрече казни од девет до 13 години затвор поради бунт и користење јавни пари за организација на референдумот за независност во 2017 година, што беше забранет од Уставниот суд, и поради едностраното прогласување независност на Каталонија.
Во меѓувреме Врховниот суд на Шпанија издаде европски налог за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
Пуџдемон веќе две години се наоѓа во Белгија, а судот во Германија во јули минатата година одби да го испорача, во периодот кога привремено престојуваше во оваа земја.





