Најмалку 50 луѓе загинаа за време на бунтот во затвор во Маноси, град во амазонската џунгла, јави денеска бразилската телевизија Глобо.
Локални претставници стравуваат дека бројот на жртвите може да е уште поголем. Серџио Фонтес, шеф на сигурносните служби во бразилската сојузна држава Амазон, изјави дека стравува од повеќе жртви кога властите ќе имаат увид во ситуацијата.
Бунтот избил после тепачка на две спротивставени банди кои препродаваат дрога. Меѓународните организации кои се занимаваат со заштита на човековите права често го критикуваат Бразил заради условите во затворите кои се преполни каде што доаѓа до крвави пресметки меѓу затворениците.