Најмалку четири лица денеска загинаа откако авион со вкупно 46 патници и членови на екипажот се преврте при принудно слетување во услови на густа магла во источниот украински град Доњецк.
Службени лица на Министерството за вонредни ситуации соопштија дека од вкупно 46 луѓе спасени се 39 патници, а дека е неизвесна состојбата на четири лица.
Авионот, кој во сопственост на украинска авио-компанија, во Доњецк пристигнал од Одеса, град на брегот на Црно Море. Тој се урнал на само 700 метри од аеродромската писта.
На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи и лица од истрагата кои се обидуваат да ги утврдат причините за несреќата.