Најмалку две лица загинаа, а 28 се повредени во вчерашниот масовен напад со руски дронови врз украинскиот град Днепар, објавија украинските медиуми.
Меѓу повредените има четири деца. Шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергиј Лисак, на апликацијата Телеграм информираше дека две жени починале, а меѓу повредените има и деветмесечно бебе.
Украинските медиуми јавуваат дека се оштетени најмалку 15 згради. Меѓу нив има студентски домови, образовни институции и погони за храна.