Published: Friday, August 28, 2015 09:49
Два брода со бегалци потонаа вчера покрај бреговите на Либија и најверојатно стотици лица се загинати во несреќата.
Над двеста тела се извадени, според податоците на болница на околниот град Зуара на западното крајбрежје.
Крајбрежната стража успеала да спаси 200 лица, но изгледа многу повеќе се блокирани на палубата на поголемиот брод.
Првиот брод, со околу 50 патници вчера испратил сигнал за помош, а вториот со околу четири илјади имигранти потонал малку подоцна.
Телата одведени во болницата во Зуара, се на бегалци од Сирија, Бангладеш и јужноафрикански земји.




