Published: Thursday, March 17, 2022 07:55
Најмалку едно лице загина, а три се повредени кога остатоци од соборен проектил паднале врз станбена зграда во Киев, соопшти Украинската служба за итни случаи.
Несреќата се случила во областа Дарнички околу четири часот утрово по средноевропско време.
Пожарникарите и спасувачите набрзо пристигнале на местото на несреќата.
Жителите кои живеат во повисоките делови на зградата се евакуирани, а спасувачките служби се обидуваат да се пробијат низ урнатините за да им помогнат на луѓето кои се затрупани.




