Published: Tuesday, March 20, 2018 19:05
Во средно училиште во градот Анаполис, во американската сојузна држава Мериленд, отворен е оган, при што повредени се тројца ученици, а напаѓачот е убиен.
Локалниот шериф на Твитер објави за инцидентот во средното училиште „Грејт Милс“ и ги замоли родителите да не доаѓаат до училиштето.
Училиштето се наоѓа на 70 километри од Вашингтон.
Инцидентот се случи за помалку од еден месец откако во вооружен напад во средно училиште во Флорида загинаа 17 лица.
Од почетокот на годината во САД се регистрирани 16 пукотници во училишта.




