Најпопуларниот политичар во Европа живее на северниот остров Исланд. Неговото име е Гудни Јохансон. Тој е претседател на Исланд веќе 6 месеци.
Над 80 отсто од жителите на овој остров имаат ептен позитивно мислење за него. Го сакаат. Толку многу што тој во декември, во една анкета, доби 97 отсто поддршка на која би му позавидел дури и Ким Јонг-ун од Северна Кореја.
Ќе се прашате зошто е толку популарен во оваа земја на крајниот север на континентот.
Овој професор по историја и аналитичар излезе на избори како независен кандидат пред 6 месеци. Во екот на политичката криза на Исланд по оставката на премиерот за кој беше откриено дека имал банкарски сметки во земјите познати како даночен рај.
Претседателот вети дека на Исланѓаните ќе им ја врати вербата во политичката класа. И веднаш покажа дека различен од другите.
Оди на фудбалски натпревар облечен во дресот на Исланд и не оди во претседателската ложа туку на обичните седишта заедно со сите навивачи. Не гледа зошто тој треба да пие шампањ. Повеќе сака како обичните навивачи да пие пиво и да јаде пуканки.
Претседателот навива од трибините, не сака во почесна ложа
Одби да се пресели во претседателската резиденција а 10 отсто од приходот дава за хуманитарни цели. И ги сака бегалците.
Претседателот не отиде да живее во резиденцијата
Уште повеќе го засакаа кога тој изјави дека не сака да каде хавајска пица. За време на една посета во гимназија, Гудни разговарал со учениците а тие му поставиле прашање: дали треба да се става ананас на пица?
Одговорот беше радикален: како претседател тој нема законска моќ во оваа област. Но ако ја имаше, ни секунд немаше да се колеба и ќе донесеше закон со кој се забранува пица со ананас!
Се разбира ова беше шега. Но шега која уште повеќе ја зголеми неговата популарност на социјалните мрежи. На кои, патем, се разви цела дебата околу пицата и ананасот (оваа пица го носи името “хавајска”). Едни беа за други беа против. Имаше дури и анкета.
Претседателот ја искористи оваа дебата да промовира исладнски специјалитети. Па изјави дека иако тој лично сака ананас, пицата е сепак подобра со патлиџан, моцарела и морски плодови.
За потсетување, оваа хавајска пица нема никаква врска со Хаваи. Таа беше измислена во 60те години од еден канадски готвач.






