Хрватскиот тенисер Борна Чориќ ја освои титулата на турнирот во Синсинати по триумфот во финалето над Стефанос Циципас со 7:6, 6:2 и на тој начин, како 152-ри на АТП листата, стана најслабо рангиран тенисер кои победил на Мастерс од серијата 1000.

На патот до финалето, Чориќ ги елиминира Лоренцо Мусети, Рафаел Надал, Роберто Баутиста Агут, Феликс Ожер Алиасиме и Камерон Нори.

За 25-годишниот тенисер од Загреб ова е трета титула во кариерата, а од денеска ќе направи скок на АТП листата за 123 позиции и од 152-то ќе се искачи на 29-то.

Со победата во Синсинати, тој стан и четврти хрватски тенисер кој освои трофеј на Мастерс турнир од серијата 1000 по Горан Иванишевиќ (Стокхолм во 1992 година и Париз во 1993 година), Иван Љубичиќ (Индијан Велс во 2010 година) и Марио Чилиќ (Синсинати во 2016 година).