Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најстариот атлет на Белгија одбра да умре со чаша шампањ

0
By Светлана Јовановска on January 8, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 8, 2014 17:15

Во вторникот во Брисел почина најстариот атлет на Белгија. Врз Емиел Пауелс, 95 години, беше извршена еутаназија која тој самиот ја побара откако одлучи дека прво треба да испие шампањско со своите најблиски.

“Не жалам што треба да заминам” и “воопшто не се плашам од смртта”. Ова се зборовите на Емиел Пауелс кој одлучи да умре по своја желба. Белгија е една од ретките земји каде што еутаназијата е дозволена. Законот беше донесен на 28 мај 2002 година и чинот е признаен како право на секој болен човек да го направи својот избор за крај на животот и смртта доколку самиот се наоѓа во услови кои дозволуваат донесување на оваа одлука.

Белгискиот печат посвети доста простор на еутаназијата на Пауелс. Неколку фотографи и камери беа поканети да ги овековечат последните мигови на животот на овој човек. Кај него, околу неговиот кревет каде што лежеше болен од рак, беа собрани семејството, пријателите и членовите на неговиот атлетски клуб.

“Ова е најубавиот празник во мојот живот. Кој не би сакал да заврши со шампањско, обиколен со неговите блиски?”, рече тој за весникот “Хет Ласте Њус”. Потоа додаде дека “кога докторот ќе дојде со својата инекција, ќе го напуштам овој свет со чувство дека убаво сум живеел. Зошто да плачам кога знам дека ќе ги најдам своите пријателите и блиските како и мојата сопруга во рајот?”, вели Пауелс за репортажата што ја направи телевизијата ВРТ.

Според синот на Пауелс, умирањето било желба на татко му но тој призна дека за него е тешко да замисли дека овој момент е последен што го минуваат заедно.

Пауелс е познат спортист во Белгија каде што постигна многу успеси. Неговиот последен спортски преформанс беше во 2013 година кога тој ја освои титулата на европски ветеран на 60 метри на шампионатот за атлетизам.

На ваков начин побара да умре и познатиот белгиски хемичар Кристијан де Дув, добитник на Нобеловата награда во 1974 година.

Еутаназијата е регулирана со закон и дозволена во околу 15 земји во светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.