Published: Friday, August 26, 2016 15:35
Највисокиот административен суд во Франција, Државниот совет, ја суспендира забраната за носење буркини – костим за капање што го носат муслиманките, што ја донесоа неколку градови а се однесува на јавните плажи.
– Забраната недвосмислено и јасно е противзаконска, бидејќи ги крши фундаменталните права, слободата на убедување и индивидуалната слобода, се вели во судската одлука.
Одлуката следи откако Лигата за човекови права поднесе барање до судот за отповикување на забраната за носење буркини во Јужна Франинција, со објаснување дека е спротивна на граѓанските слободи.




