Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Највисоките температури од 41 и 42 биле во јуни, а вчера, кога имало и бран од Сахара, 39

0
By НОВА ТВ Balaban on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Максимални температури од 39 степени Целзиусови вчера биле измерени  во Демир Капија, Гевгелија и Скопје, а највисоките температури досега ова лето се измерени во јуни,  41 и 42 степени во Гевгелија и Демир Капија. А поради транспорт на прашина од Сахара, атмосферата вчера и денеска е заматена, велат синоптичарите од УХМР.

Во врска со забелешките на многумина граѓани на Скопје дека вчера чувствувале како да било најтопло од почеток на летово, од УХМР појаснуваат:

– Влагата во воздухот вчера не беше зголемена, а така е и денеска. Највисоки температури измерени во овој месец се на 1 јули со  максимални 40 во Демир Капија, на 8 јули 40 степени во Гевгелија и Демир Капија, како и на 13 јули, исто така во Демир Капија. А најтопло досега беше во јуни кога максималните температури достигнаа 41 и 42 степени и тогаш беше прогласена и портокалова фаза – објаснува Јулијана  Фидановска Мишковска, дежурен синоптичар УХМР.

Во Скопје денеска во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со температура од 39 степени. Влажноста на воздухот изнесува 29 отсто.

До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Утре кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

(Љ.Б.)

 

 

Јуни Највисоки степени Температури УХМР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.