Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намален бројот на првачиња во Македонија

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трендот на опаѓање на учениците и бројот на децата во Република Македонија е загрижувачки, изјави министерката за образование Рената Треневска Дескоска на првиот училиште ден во Куманово.

– За жал се забележува опаѓање на бројот на деца коишто се запишуваат и во средното образование и покрај тоа што е задолжително, што покажува на трендот за иселување на млади луѓе од државата, семејства со деца во образовен процес. Се надеваме дека процесот на иселување на младите ќе запре, Министерството за образование и наука ќе направи реформи кои ќе значат враќање на квалитетот на образованието и правење на образованиот систем во Македонија атрактивен за учениците, како би останале овде и би го продолжиле своето образование – рече Дескоска.

Во Куманово оваа година се запишале 1.200 првачиња, седумдесет помалку од лани, а во прва година во средните училишта 1.100 ученици или 200 помалку од минатата година.

– Денеска на првиот училишен ден решив да присуствувам на неколкуте свечености што се организираат во Општина Куманово, бидејќи во оваа општина има најголем број ученици, со најголем број првачиња. Дојдов и во средното стручно училиште, со цел да го промовираме стручното образование. Освен медицинското, економското и правното, другите насоки на стручно образование се запоставени и не се атрактивни за учениците. Се надевам дека со измените што ќе се направат со наставните програми ќе поставиме систем кој ќе ги привлече учениците. Правиме напори и договор со компаниите да се овозможи практична настава на учениците, со цел да им овозможи настава која ќе ги прави способни на пазарот на трудот -рече министерката.

Според неа, во минатото образованието во Куманово било препуштено само на себе, без поддршка за капитални инвестиции од страна на Министерството за образование.

– Целта на оваа влада е да не прави разлика меѓу градоначалници од власт и опозиција бидејќи интересот на децата треба да биде пред се – рече Дескоска.

Посетата на градот Куманово од страна на министерката Дескоска не беше случајна. Оваа година, Куманово има најголем број на запишани првачиња, околу 7,5 проценти од целокупниот број на првачињата во Република Македонија.

Дополнително, министерката Дескоска беше во посета на средното училиште „Перо Наков”, каде учениците учат на македонски и на албански наставен јазик. Министерката оттаму порача: „соживотот, другарувањето меѓу учениците од различни етнички заедници е она што треба да биде усвоено како вредност во текот на образовниот процес”.

Министерката преку отворено писмо до јавноста им го честиташе почетокот на новата учебна година на учениците, наставниците и професорите.

првачиња Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.