Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намален кредитниот рејтинг на Македонија

0
By Нова ТВ on May 24, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 24, 2013 12:39

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија и тоа и за кредитите во девизи и за оние во денари од „ББ“ на „ББ-“. Ова е второ намалување во период од две години, откако Агенцијата го намали кредитниот рејтинг на земјава од „ББ+“ на „ББ“ во 2011 година.

Ако тогаш како објаснување за ваквиот чекор беше речено дека причината е за да се воедначи кредитниот рејтинг за кредитите во девизи и во денари, овојпат причините се сосема поинакви и претставуваат отворена критика врз власта.

„Стандард и Пурс“, имено, смета дека од започнувањето на глобалната финансиска криза транспарентноста на македонските јавни финансии опаѓа, како и дека шансите за некаков позначаен економски раст се ослабени.

– Според наше мислење, политичките институции на Македонија имаат неадекватни контролни механизми, додека заостанатите плаќања на Владата претставуваат предизвик за резултатите од фискалната политика – смета Агенцијата.

На ова реагираше македонското Министерство за финансии при што и забележува на Агенцијата за, како што се наведува, квалитетот на анализата, точноста на податоците и наведените причини за намалување на кредитниот рејтинг:

– Агенцијата со својот извештај си дозволува и да се меша во внатрешната политика на земјата зборувајќи за случувањата во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година и сосема несоодветно зазема страна споменувајќи дека „членови на опозицијата биле отстранети од Собранието за да се избегне дискусија за зголемените расходи на владата.

На тој начин се прејудицираат случувањата од 24 декември кои се предмет на испитување на Анкетната комисија, а агенцијата грубо се меша во внатрешната политика на земјата, реагира Министерството за финансии.

Намалувањето на кредитниот рејтинг е рефлексија на ставот на СП за помалку предвидливиот раст и резултатите од фискалната политика што се должи на регионалните економски притисоци, проблемите што ги имаат странските банки мајки на домашните банки, потешкотиите што Владата ги има со управувањето на доспеаните сметки за наплата и неодамнешното зголемување во јавната капитална потрошувачка на непродуктивни добра.

Последично на ова, СП ја намали и проекцијата за годишен раст на македонската економија во периодот 2013-15 година на 2 отсто или помалку од половина од просечниот раст пред финансиската криза од 2008-2009 година.

– Оваа стапка на раст не е веројатно дека ќе предизвика креирање на потребни работни места за позначително да се намали македонската стапка на невработеност од 31 отсто, со што се покренува прашањето за одржливоста на актуелниот микс на политики – смета СП.

Проекцијата за растот на македонската економија за годинава на СП е само 1 отсто или двојно помалку од проекциите на Владата и на Народната банка на Македонија. Агенцијата смета дека за ова најголем поттик ќе даде јавната потрошувачка, по падот на БДП од 0,3 отсто во 2012 година. Според СП, слабата екстерна побарувачка ќе го намали нето извозот, со оглед на тоа што 60 отсто од него е насочен кон ЕУ. Истовремено, агенцијата смета дека влошените домашни услови за кредитирање ќе ги ограничат приватните инвестиции и антиципира дека дефицитот на тековната сметка ќе се зголеми на над 6 отсто од БДП во 2014 од проценетите 5 отсто годинава, како и дека тој ќе биде финансиран од акумулација на долгови во странство, од странски инвестиции и од мали влечења на средства од девизните резерви.

СП смета дека политичките институции сѐ повеќе слабеат заради неадекватните контролни механизми. Ова се чини како да го подига нивото на скриените трошоци во јавните инвестиции, смета агенцијата и додава дека очекува оти инвестициите во непродуктивни добра ќе натежнат врз потенцијалните можности за економски раст. Уште повеќе, СП смета дека бизнис климата е поволна за странските инвеститори, но помалку охрабрувачка за домашните мали и средни претпријатија.

– Меѓу септември 2012 и февруари 2013 Владата се задолжи во странство делумно за да ги исплати акумулираните и доспеани наплати и да им го рефундира ДДВ-то на компаниите. Според наше мислење, постои ризик за недостиг од буџетски приходи подоцна во текот на годината, особено ако има зголемено трошење од страна на власта. Ние очекуваме долгот на централната влада да порасне до нивото од 37 отсто од БДП до крајот од 2016 година од 34 отсто во моментов. Ние, исто така, очекуваме општите гаранции на власта да пораснат од сегашното ниво од 4,7 отсто од БДП во истиот период – истакнува СП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.