Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намалување на аерозагадувањето и интегриран систем за управување со отпад – приоритети за животна средина

0
By Biljana on January 14, 2022 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се намали аерозагадувањето, да постои интегриран систем за управување со отпадот и ригорозна контрола врз индустријата, да се подобри квалитетот на водите, заштитата на шумите и биодиверзитетот, да се создадат одржливи системи за производство на храна и да се преземе поголема климатска акција.

Ова се дел од приоритетите кои беа нотирани на денешната јавната дискусија во врска со изработката на Рамката за развој #МКД2030 во областа на животната средина, процес кој го води претседателот Стево Пендаровски.

Приоритетните области во кои треба засилено да се работи, како што беше истакнато на дискусијата, се климатските промени, циркуларната економија, квалитетот на воздухот, управувањето со отпадот и со водите, индустриското загадување, почвата и одржливите системи за храна, заштитата на природата, биолошката разновидност и шумарството.

„Меѓу целите и приоритетите кои треба да се постигнат се намалувањето на загадувачките материи во воздухот во рамки на националните гранични вредности и воспоставувањето мониторинг станици кои постојано ќе работат. Потребно е сите јавни објекти да се греат на незагадувачки начин, за домаќинствата да има повеќе можности за енергетска независност и продажба на вишокот струја и да се зголеми обемот на урбаното зеленило“, нагласија говорниците.

 До 2030 година, според нив, треба да се воведе интегриран систем за управување со отпадот низ целата држава, да има можности за компостирање, селектирање, рециклирање и реупотреба на отпадот, како и негово искористување за добивање енергија.

„Меѓу целите и приоритетите во животната средина се и оние за намалување на загаденоста на реките и езерата, укинување на повластените тарифи за енергија од малите хидроцентрали и подобрување на мониторинг мрежата за квантитет и квалитет на водите“, беше нагласено при дискусијата.

Познавачите на состојбите велат дека е потребна трансформација на индустријата за да се намалат емисиите на стакленички гасови и целосно да се третираат отпадните води пред да се испуштат, како и да се реши историското загадување на жешките еколошки точки по државата

„Треба да се запре губењето на биодиверзитетот и да се заштитат природните живеалишта и вредности, а 30 проценти од територијата да се прогласи за заштитени подрачја“, наведоа говорниците на дискусијата.

Одржливите системи за производство на храна, според нив, треба да имаат особено фокус на малите семејни земјоделски стопанства, целосно да се применува добрата земјоделска пракса и да се зголеми органското производство и локалното вработување во рурален туризам и агро-бизниси.

Стручњаците сметаат дека е неопходно да се донесе Закон за климатска акција, фосилните горива да се заменат со обновливи извори на енергија, да се отвораат зелени работни места, да се воведе образование за климатски промени и да се спроведуваат кампањи за промена на свеста и навиките.

Претседателот Пендаровски на дискусијата потенцираше дека токму сега е вистинското време да го преосмислиме економски концепт за развој и да изградиме долгорочна визија и конкретен план за тоа каде сакаме да бидеме за десет, дваесет или триесет години.

„Кога зборуваме за животната средина и одржливиот развој се отвораат повеќе прашања, од загаденоста на воздухот, водата и почвата, до управувањето и еколошката преработка на отпадот, правилно управување со природните ресурси, инвестирањето во заштитените подрачја, воспоставување и одржување еколошки стандарди во индустријата, зачувување на биодиверзитетот. Исто така не смееме да заборавиме дека аграрните политики кои ги развиваме како држава директно влијаат на животната средина и одржливиот развој. Во таа насока и инвестирањето во одржливи системи за производство на храна и земјоделски практики кои ја зголемуваат продуктивноста влијаат за подобра или полоша животна средина“, нагласи претседателот.

Пендаровски потсети дека на неодамнешниот самит во Глазгов како држава преземавме одговорност и обврски за климатска акција и намалување на емисиите на стакленички гасови и веќе, како што рече, денес треба да размислуваме за сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата, но и генерално да размислуваме за нови модели на економскиот развој.

„Длабоко сум уверен дека Рамката за развој #МКД2030ќе ја постигне целта доколку успееме преку неа да ја подигнеме свеста за одреден прашања во државата и да покренеме процес на мобилизација на ресурси со кои ќе се насочат инвестициите во приоритетните области утврдени со широк општествен консензус, а со крајна цел прогрес и подобар живот за сите граѓани. Верувам дека здружени можеме да ја постигнеме таа цел“, заклучи Пендаровски.

Јавната дискусија ја организираше Институтот за комуникациски студии во рамките на неговата кампања „Разбистри сè“, која е поддржана од Британската амбасада во Скопје.

аерозагадување климатски промени Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.