НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо „дуизација“, на ВМРО-ДПМНЕ му се случува тотална „албанизација“

0
By Marija Todorovska on February 23, 2024 АНАЛИЗА, ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Кај нас народот вели „си го бараше со боринче“ кога си играш со огнот. Тоа сега се чини ѝ се случува на ВМРО-ДПМНЕ поради тврдоглавите „патриотските“ игри и одбивањето да ги внесе Бугарите во Уставот. Да не беа тврдоглави, работата досега ќе беше завршена.

Наместо тоа, тие од петни жили почнаа кампања пред кампања, за денунцирање на Владата како предавничка, претставувајќи ја како премногу „дуизирана“, а мислејќи на „албанизирана“, затоа што во неа имало многу министри на ДУИ кои не се грижеле за националните интереси на Македонците и на државата. Особено трн во окото им беше МНР Бујар Османи, кој го водеше процесот на апроксимација на земјата во ЕУ, но и другите министри на ДУИ.

Во калкулацииите дека се пред гооолема победа на овие избори сметаа дека ќе бидат во позиција  да бираат, како на пазар лубеница, со кого ќе коалицираат за состав на Владата.  При тоа предност им даваа на партиите на Албанците од опозицискиот блок, без да им пречи што овие почесто се во Приштина на консултации одошто дома во Македонија. Не им сметаше ниту најавата дека на изборите во Македонија  ќе трча и косовскиот премиер Албун Курти преку претставници на неговото „самоопределување“.

Веројатно правејќи ја стратегијата за постизборно коалицирање онака итромански пресметале дека овие од ЕСП се наивни бајчиња и ќе ги превеслаат подоцна, во текот на заедничкото владеење.

Но, се случи спротивното. Наместо да се отарасаат од она што го нарекуваа „дуизација“ на Владата на СДСМ, сега на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се случува целосна „албанизација“, ако сакаат да формираат Влада.

Aко ВМРО-ДПМНЕ сака власт, ќе мора да ги прими до балчак, и „тиранската“ и „приштинската“ платформа – во пакет

Имено, таман на чекор до историската победа на изборите, доби сеалбанска понуда со која партиите на Албанците и од опозиција и од власта, и ги „напикаа“ сите барања што ги држеа во „гепек“ уште од независноста на државата како услов за формирање Влада. И сега ако ВМРО-ДПМНЕ сака власт, ќе мора да ги прими до балчак, и „тиранската“ и „приштинската“ платформа – во пакет. И сето тоа само затоа што не го искористи моментот кога и ДУИ и сите други партии на Албанците се нафатија да молчат и во интерес на европската перспектива на државата, се согласија да се воздржат од отворање на Уставот по другите прашања кои ги чуваа спакувани во кутијата на Пандора, а сега ја отворија како рибина конзерва од старите државни резерви.

Чие масло е ова сценарио веројатно допрва ќе се анализира и во јавниот дискурс, но и во органите на партијата.

Но не е се толку драматично и неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ.

Најтешкото барање на раководството на партијата нема да биде промената на Уставот и изборот на претседател на државата во Собранието со двотретинско мнозинство. Тие одамна се имаат произнесено за идејата претседателот да се бира во Собранието. Уште од времето на осамостојувањето, а и сега во една прилика имаат изјавено: „Со сета почит кон сите што ја извршувале функцијата, но сепак се работи за  една функција која што има протоколарно значење, но нема моќ“!

Аналитичарот Владимир Божиновски пак смета дека со високиот цензус кој е неопходен за избор на претседател му се дава преголем легитимитет на претседателот, дури повеќе одошто се неговите ингеренции.

Ова како поздрав до професорката Сиљановска да не си ја преценува функцијата претседател и да си гаи илузии за радикални промени во општеството.

Мицкоски сега ќе мора да бира меѓу една од двете понуди, онаа на „посакуваниот“ Таравари или онаа на „омразениот“ Али Ахмети.

Инаку уставотворецот не случајно така ја позиционирал функцијата на претседателот на државата да се избира на непосредни избори па и со висок цензус за да биде баланс на власта. За да може во одредени случаи да каже НЕ на некои одлуки на Владата кои поминале во Собрание, затоа што често пати како што се говори дека Собранието е послушник на извршната власт. Во случај тој да се бира во Собранието, тогаш претседателот би бил обична марионета во пазарот на партиите или со други зборови би бил послушник на послушникот.

Именувањето на албанскиот јазик наместо формулацијата 20 посто, веројатно потешко ќе го примат во партијата ако се држат до јавно искажаниот збор дека „Официјален јазик е македонскиот и има причина зошто за време на Рамковниот договор е дефиниран прагот 20 проценти, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во мај минатата година.

„Го демантирам Таравари. Не сме разговарале на оваа тема, односно сме разговарале како дел од повеќе теми. Сме разговарале за Бадентер. До кога ќе живееме во општество каде што малцинството ќе го владее мнозинството?, изјавил Мицкоски истата година.

Сега ќе има прилика повторно да разговара со Таравари на истите теми но овој пат дополнети и надградени.

Сепак нему најтешка одлука се чини ќе му биде внесот на Бугарите во Преамбулата, затоа што и изјавата за ова прашање беше најтешка: „Додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, нема да се смени уставот за да бидат бугарските барања дел од него“, кажа Мицкоски во јуни 2022.

Епа сега ќе мора да бира меѓу една од двете понуди, онаа на „посакуваниот“ Таравари или онаа на „омразениот“ Али Ахмети.

Има и трета опција ама за неа друг пат.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
албанизација Али Ахмети Бугарите во Уставот Влада ВМРО ДПМНЕ Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.