Published: Tuesday, May 10, 2016 10:45
Еден е убиен додека тројца се повредени во напад на железничка станица во близина на Минхен, Германија, пренесува Индепендент.
Напаѓачот е непознат маж кој според полицијата пред нападот извикувал „Алаху Акбар“ и почнал со нож да ги напаѓа патниците.
Нападот се случил утрово околу 4:50 часот, а осомничениот бил уапсен по кратко време.
Полицијата продолжува со истрагата испитувајќи ги сведоците за деталите на нападот.




