Published: Friday, December 29, 2017 15:46
Двајца вооружени мажи убиле девет луѓе во Египет во близина на коптска црква во Каиро.
Нападот е извршен врз коптската црква во Хеиван, во јужното предградие на Каиро.
Египетските власти соопштија дека напаѓачот отворил оган пред црквата Мар Мина пред да биде убиен од огнено оружје.
Египетската телевизија пренесе оти има еден и полицаец меѓу настраданите во нападот, а ранети се и 5 припадници од обезбедувањето.




