Published: Wednesday, August 9, 2017 10:35
Шестмина француски војници се повредени кога утрово околу 8 часот во нив влетало возило во предградието на Париз левалоа Пере.
Притоа четворица се полесно, а двајца потешко повредени.
Париската полиција соопшти дека се трага по возилото и дека операцијата е во тек.
Претседателот на општината Левалоа Пере Патрик Балкани изјави за БФМ ТВ дека автомобилот марка БМВ влетал во војниците и дека нема сомнеж дека се работи за смислен напад.
-Ова е одвратен чин на агерсија, рече Балкани, додавајќи дека нападот бил во непосредна близина на градското собрание.




