Пет лица се повредени откако четворица се нафрлиле врз нив со секири на главната железничка станица во Дизелдорф, удирајќи по случајните минувачи. Тројца се во тешка состојба.
Полицијата успеала да фати двајца од напаѓачите додека другите се во бегство. За еден од уапсените полицијата објави дека е од Вупертал, град на 28 километри од Дизелдорф, и кој најверојатно е лице со „ментални проблеми“, објави Раша Тудеј.
Весникот Билд објави дека кошмарот се случувал синоќа околу 21 часот. Според полицијата маж започнал да удира со секира по случајните минувачи, прво во трамвај, а потоа и на пругата, а потоа и во зградата на станицата.
Германските медиуми објавија дека имало голема акција на полицијата, во која биле вклучени и хеликоптери.
По настанот, напаѓачот истрчал од станицата и скокнал од мостот при што тешко се повредил. Тогаш е уапсен и пренесен во болница. Раша Тудеј објави дека се работи за маж со потекло од поранешна Југославија.
Подоцна е успасен уште еден маж за кој Билд тврди дека не е познато дали е поврзан со нападот.
Засега полицијата случајот го води како нерасветлено насилство.




