https://www.youtube.com/watch?v=tnYrJG8tW1M
Агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) се повикани на локација во Садрленд Спрингс, во близина на Сан Антонио, сојузната држава Тексас, каде се случил вооружен инциднет, објави Си ен ен.
Портпаролката на канцеларијата на ФБИ во Сан Антонио, Мишел Ли ја потврдила информацијата.
Претходно на самото место пристигнала и локалната полиција. Инцидентот според очевидци се случил во Првата баптистичка црква. Сведокот кој е продавач на бензинската пумпа спроти црквата, изјавил дека слушнал околу 20 истрели за време на црковната миса.
Локалните медиуми јавуваат дека вооружен маж влегол во црквата и пукал во присустните, при што се вели дека има неколку жртви, но полиијата не може да го прецизира нивниот број. Локалната тв КСАТ јави дека и убиецот е мртов.
Но според Си ен ен се уште не се знае дали непознатиот маж извршил самоубиство или е убиен во полициската акција.




