Нападнат е Американскиот Универзитет во Кабул. Непознати вооружени лица извршиле вооружен напад во зградата на Универзитетот од каде што се слуша пукање и експлозии, а има и заложници, пренесува Танјуг. Странските агенции јавуваат дека стотици луѓе се заробени, вклучувајќи странски професори и студенти.
Станува збор за комплициран напад внатре во Американскиот Универзитет. Специјалните сили се на пат кон местото на нападот“, изјави претставник на кабулските специјални единици.
Побунетите Талибанци и понатаму се обидуваат да ја срушат Владата во Кабул откако САД почна со инвазија на Авганистан во 2001 ва година. И покрај американската помош владините сили се помалку имаат контрола над ситуацијата.
Според Извештајот на ОН, во првите шест месеци од годината загинале повеќе од 1600 цивили, а најмалку 3500 се ранети.