Published: Monday, October 17, 2016 09:48
Во локалниот изборен штаб на Републиканската партија во Хилсборо Северна Каролина во текот на викендот фрлена е импровизирана бомба, соопштија локалните власти.
Запалливиот материјал е фрлен преку прозорецот на влезот од зградата, додека истовремено на соседната зграда се испишани графити, меѓу кои и кукаст крст и пораки „Нацистички републиканци одете си од градот или…“, објавува веб сајтот на градот Хилсборо.
Од запалливата материја оштетен е мебелот во просторијата, но засега нема проценки на штетата ниту пак кои се можните сторители.




