Published: Sunday, January 3, 2016 13:12
Нападната е амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран, откако во текот на денот Иран остро го критикуваше погубувањето на шиитскиот верски водач од страна на Саудијците. Од видеото се гледа како непозната група упаѓа во амбасадата, пали и руши се пред себе, пренесе новинската агенција Тасним.
Групата „гневни Иранци“ ја нападнале амбасадата протестирајќи против погубувањето на шиитскиот свештеник Нимра ал-Нимра, кого саудиските власти го погубија во саботата наутро, кој беше обвинет за тероризам.




