Канцеларијата на хуманитарната организација „Спасете ги децата“ во авганистанскиот град Џалалабад била нападната со експлозиви, по што најмалку двајца загинале додека 12 други се повредени.
Околу 50 луѓе имало во зградата во моментот кога се случила експлозијата.
Според властите, имало тројца вооружени напаѓачи кои потоа продолжиле со теророт внатре во зградата.
Најпрво бомбаш самоубиец детонирал експлозија пред влезот на организацијата по што напаѓачи влегле внатре рушејќи го влезот со ракетен фрлач.
Градот Џалалбад е на границата со Пакистан и често е мета на Талибанците но е исто така упориште на џихадистите на ИСИС.
За сега ниту една од овие терористички организации нема преземано одговорност.