Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нападнати 50 милиони профили на Фејсбук-компанијата тврди има контрола

0
By Нова ТВ on September 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 29, 2018 07:01

Компанијата Фејсбук соопшти дека речиси 50 милиони корисници биле нападнати, со тоа што хакерите искористиле безбедносен пропуст во алатката позната како “прикажи како” (view as) за да влезат во  профилите на корисниците.

Ваквиот напад бил откриен уште во вторникот, објави Фејсбук, а случајот бил пријавен во полиција.

Во текот на вчерашниот ден, корисниците кои биле цел на овој напад, морале повотрно да се логираат на своите профили.

Од компанијата истакнуваат дека корисниците од кои било побарано повторно да се логираат не мора да ги менуваат своите лозинки.

Пропустот е поправен, објави заменик-претседателот на компанијата Гај Росен, додавајќи дека сите профили се ресетирани. Исто така и од уште 40 милиони корисници е побарано да го направат ова, како „мерка на претпазливост”.

Фејсбук, кој во петокот забележа пад на цената на акциите за повеќе од 3 отсто, има повеќе од две милијарди активни месечни корисници.

Од компанијата објаснуваат дека преку нападот, хакерите можеле да влезат во други профили кои го користат системот на Фејсбук, односно тоа би значело дека со ова би можеле да бидат засегати сајтови како AirBnB и Tinder.

Кој бил цел на напад

Фејсбук не лоцираше од кој дел на светот се овие 50 милиони кориснице кои биле цел нападот. но за ова се информирани ирските регулатори за податоци, каде што е базирана европската подружница на Фејсбук.

-Бидејќи ние штотуку започнавме истрага, допрва треба да утврдиме дали овие профили се злоупотребени или има пристап до какви било информации. Исто така, не знаеме кој стои зад овие напади или каде се наоѓаат, вели Розен.

Компанијата потврди дека основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг е меѓу тие 50 милиони корисници.

Што е ‘Прикажи како’?

Алатката “Прикажи како” на Фејсбук е функција за приватност која им овозможува на луѓето да видат како изгледа нивниот профил за другите корисници, односно кои информации можат да ги видат нивните пријатели, пријатели на пријателите или се отворени за сите.

Хакерите ги искористиле пропустите во оваа функција која “им овозможила да ги украдат токените на Фејсбук за пристап, кои потоа можат да ги користат за да влезат во профилите на корисниците, објаснува Розен.

-Токените за пристап се како дигитални клучеви кои ги задржуваат корисниците најавени на Фејсбук, за да не мора повторно да ја внесуваат нивната лозинка секогаш кога ја користат апликацијата, објасни тој.

Што значи ова за Facebook?

Нападот се случува во време кога фирмата се обидува со крајни напори да ги убеди пратениците во САД и пошироко, дека е способна да ги заштити податоците за корисниците.

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, на конференциска врска вчера изјави дека фирмата сериозно ја сфатила безбедноста, и покрај тоа што рече дека се соочуваат со постојани напади на лоши хакери.

Но, Џеф Полард, потпретседател и главен аналитичар вокомпанијата за истражување на  пазарот Форестер, рече дека фактот што Фејсбук има толку многу податоци значи дека треба да биде подготвен за такви напади.

-Напаѓачите одат таму каде што има податоците, а поради тоа Фејсбук стана очигледна цел. Главната загриженост тука е дека една од карактеристиките на платформата им дозволи на напаѓачите да собираат податоци од десетици милиони корисници, вели Полард. Ова покажува дека Фејсбук треба да го ограничи пристапот до податоци како приоритет за корисниците, API-адресите и можностите, вели Полард.

Од Фејсбук не кажуваат дали истрагата ќе открие зошто имало вакви пропусти или дали некој од компанијата би можел да понесе одговорност за нападот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.