Published: Tuesday, January 1, 2019 17:58
Нападот со нож во железничката и метро станицата Викторија во Манчестер, во кој беа повредени три лица се третира како инцидент поврзан со тероризам, соопшти полицијата.
Уапсен е 25-годишен маж и тој е обвинет за обид за убиства.
Очевидци рекле дека напаѓачот извикувал „Алах акбар“ и дека при апсењето рекол дека сè додека Велика Британија бомбардира други земји ќе се случуваат вакви напади.
Премиерката Тереза Меј упати порака со поддршка до повредените.




