Напаѓач со нож повреди пет лица денеска во Оукленд, на Нов Зеланд, пред околните минувачи да го соборат на земја и да го совладаат, соопшти полицијата.

Нападот, според претставник на локалната полиција, траел помалку од 10 минути, бил изведен без посебна цел, а дека осомничениот сега е во притвор.

Според новозеландската полиција нема индиции за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а полицијата се пофали дека брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила поголем број жртви.

„Случајни минувачи кои се нашле на местото на инцидентот го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот на нападот, а еден од нив го соборил со помош на патерици за одење“, соопшти полицијата.

Напаѓачот носел голем нож и се здобил со умерени повреди при апсењето за што бил одведен во болница.

На Нов Зеланд минатата година имаше два поголеми насилни напада со нож во супермаркети од кои еден е заведен како терористички чин, додека истрагата не го утврди мотивот за вториот напад, пренесуваат британските медиуми.