На 26.јануари ќе започне судењето на напаѓaчите на пратеникот Зијадин Села кои се обвинети за обид за убиство за време на упадот во Собранието на 27.април минатата година.
Судењето ќе го води судијката Славица Андреевска.
За обид за убиство најпрво беа осомничени Кире Ѓоргиевски неговиот татко, но потоа обвинителството и полицијата со помош на граѓаните кои идентификуваа дел од напаѓачите го прошири обвинението и против други лица, односно осомничени се Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра.
Ова е трет предмет за „крвавиот четврток“ кој влегува во суд. Во претходните два случаи, девет лица добија условни казни за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие.